Ги исече за првпат по 30 години: Која е жената со најдолгите нокти во светот? (ФОТО+ВИДЕО)

од Nikola Popovski

Ајана Вилијамс ги исече ноктите за првпат по 30 години.

Во 2017 година, Вилијамс постави Гинисов рекорд за најдолги женски нокти на двете раце, а вкупната должина на ноктите во тоа време беа скоро пет и пол метри.

Таа не престана да ги пушта, па во следните години достигнале должина од 7,3 метри. Откако го сруши личниот рекорд, таа решила да ги скрати.

„Едвај чекам нов живот. Знам дека ќе ми недостасуваат, но време е да ги скратам“, рекла Ајана од Тексас.

Нејзината фасцинација со долгите нокти е резултат на нејзината љубов кон украсувањето на ноктите. Последниот пат кога ги лакирала, целиот процес траел неколку дена и таа употребила три или четири шишиња лак.

„Морав да обрнувам премногу внимание на секој мој потег за да не ги кршам или оштетам, но и да не се повредам“, изјавила таа, а нејзините нокти ќе бидат изложени во музеј во Орландо.

Сепак, најдолгите женски нокти некогаш забележани не ѝ припаѓаат на Ајана. Ги имала Ли Редмонд и достигнале должина од 8,5 метри, но ги загубила во сообраќајна несреќа.

Слични содржини