Глупост е да се кријат случаи заразени со корона вирусот, вели Спасовски

од Vladimir Zorba

Негативни се резултатите за лицето кое утрово министерот за здравство, Венко Филипче најави дека се чекаат резулати.

Лицето било вратено во земјава на 7 март, а откако утрово почувствувало симптоми, веднаш се јавило на Инфективната клиника.

Негативниот тест го потврди премиерот Оливер Спасовски на прес конференцијата по лидерската средба, на која присуствуваше и министерот Филипче.

Спасовски појасни дека во зависност како се развива ситуацијата, некои препораки стануваат забрани, но и дека редовно се објавуваат, после секоја владина седница.

Премиерот уверува дека во државата нема скриен податок во однос на коронавирусот. Тој посочува дека е глупост да се кријат случаи заразени со коронавирусот, додавајќи дека ако треба не по двапати, туку по повеќепати ќе информираат, се во име на транспарентноста.

А.Т.

Слични содржини