Го мрзело да разнесува пошта: Поштар од Јапонија не доставил 24.000 писма

од Elena Daskalova

Поранешен поштар од Јапонија, од градот Канагава, со години го мрзело да разнесува пошта и дома има колекција од 24.000 недоставени писма.

Токму поради ова, тој е обвинет за неизвршување на работни задачи, а му се заканува дури и затворска казна од неколку години. Според јапонските медиуми, 61-годишниот поштар, во периодот од 2003 до 2019 насобрал илјадници писма кај себе дома, а неговото оправдување пред полицијата и медиумите било дека навистина го мрзело тоа да го разнесува.

Покрај затворската казна, ќе треба да плати и 500.000 јени, со оглед на тоа што оние кои не ги добиле писмата често пропуштале нешто важно или минеле рокови за плаќање на даноци.

Јапонската пошта ова дело го открила при крајот на 2019 година, а тој сакал да избегне пријава ветувајќи дека ќе ги подели сите писма што се кај него. Сепак, некои се толку стари што веројатно во денешно време не се ниту релевантни.

Слични содржини