Ѓоковиќ ја откри главната цел до крајот на кариерата

од Vladimir Zorba

Првиот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ без двоумење зборуваше за најголемата цел до крајот на својата играчка кариера.

Оваа недела Ѓоковиќ ја започна 286. недела на самиот врв на АТП и со тоа го стигна легендарниот Американец, неговиот идол Пит Сампрас.

Пред него е само Роџер Федерер со 310 недели на првото место. Сепак, Ѓоковиќ има повеќе цели.

„Мојата најголема цел останува да освојам најмногу Гренд слемови. Да го соборам рекордот на Федерер“, рече Ѓоковиќ во Рим, каде што ќе учествува на Мастерсот.

Во моментов, српскиот ас е на 17 трофеи на најважните турнири, односно два помалку од Рафаел Надал и три помалку од рекордот на Федерер.

По дисквалификацијата на УС Опен, каде беше главен фаворит и сите го гледаа на тронот, постои можност за корекција на „Ролан Гарос“, која започнува на 28 септември.

„Рафа е фаворит. Веднаш зад него е Доминик Тим”, го ослободува притисокот од себе светскиот рекет број еден.

Пред тоа, Ѓоковиќ го чека загревање во Рим и за почеток, дуел во второто коло со победникот од мечот Тенис Сангрен (САД) – Салваторе Карузо (Италија).

Слични содржини