Ѓоковиќ се поблизу до Федерер

од Stefanija Kuzmanovska

Новак Ѓоковиќ впиша уште една недела на првата позиција на АТП-листата, вкупно 288. Со тоа, тој се доближи уште повеќе до Роџер Федерер, кој го држи рекордот со 310 недели, пренесе „Нова.рс“.

Српскиот тенисер е убедлив на првата позиција со 11.260 поени, пред Рафаел Надал, кој има 9.850.

На третата позиција е австрискиот тенисер Доминик Тим со 9.125 поени.

Роџер Федерер е далеку на четвртото место со 6.630, а првите пет ги комплетира Данил Медведев со 5.890 поени.

Во првите десет се најдоа Стефанос Циципас, Александар Зверев, Матео Беретини, Гаел Монфис и Роберто Баутиста Агут.

 

 

Слични содржини