Гол билдер со маска стана хит на социјалните мрежи: Ми пропадна сексот, дојдов на протест

од Aleksandar Petrovski

Непознат набилдан маж стана вистински хит на социјалните мрежи синоќа откако се појави на протестот во Србија без маица – но со маска.

Набилданиот „батка“, како што го нарекуваат во коментарите, беше еден од учесниците на кои наиде тимот на ТВ Н1, а неговите слики се шират на социјалните мрежи. Логично, затоа што, доколку се верува во коментарите, многумина од женската популација се „запали“ по него.

Ова се само некои од коментарите:

„Бидејќи ми пропадна сексот за викенд заради полицискиот час, одам на протест“

„Почнав да пуштам солзи за момчето со таткото кога влетува овој во кадар и ме пресече“.

„Дали и овој ќе биде на протестите вечерва?“

„Ммм, дали може да ги померува овие цицки?“

Некои го споредуваат со познатиот Техно Викинг.

Слични содржини