Голем пожар во Лондон, црн чад над градот (ВИДЕО)

од Nikola Popovski

ГОЛЕМ пожар избувна денес на железничкиот надвозник покрај станицата „Elephant and Castle“ во јужен Лондон, а пламен и црн чад се издигнале високо на небото над главниот град.

Полицијата соопшти дека инцидентот не е поврзан со терор. Засега нема извештаи дека има повредени.

Лондонските пожарникари соопштија дека 10 противпожарни возила и 70 пожарникари се борат со пожарот што предизвика пренасочување на возовите.

„Патиштата се затворени и на луѓето им се препорачува да ја избегнуваат областа и да ги држат затворени прозорците и вратите“, соопшти противпожарната служба.

Видеа објавени од противпожарната служба покажуваат црн чад како се издига високо кон небото и огнена топка избива од заоблениот премин.

Слични содржини