Голема прослава на Дејвид и Викторија Бекам, меѓу бројните познати гости и Ким Кардашијан (ФОТО)

од Stefanija Kuzmanovska

Избрана екипа се собра во петокот на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, каде прослава одржа славната двојка Викторија и Дејвид Бекам, а меѓу ВИП гостите беше и Ким Кардашијан.

Модната дизајнерка Викторија Бекам во петокот го прослави својот 47-ми роденден, а на роденденската забава во Мајами, друштво ѝ правеа бројни познати личности, од кои најголемо внимание привлече Ким Кардашијан.

Риалити sвездата и претприемач, која неодамна се раздели од сопругот Канје Вест, се забавуваше на отворањето на хотелот „Goodtime“ во Мајами, а на своето Инстаграм „стори“ ѝ го честиташе роденденот на Викторија, споделувајќи заедничка фотографија.

Основачката на „KKW Beauty“ се дружеше и со други познати гости, како 27-годишниот пејач Малума, пејачот Фарел Вилијамс и угостителот Дејвид Грутман.

На забавата се прослави и отворањето на сезоната на фудбалскиот клуб Интер Мајами, чиј косопственик е Дејвид Бекам. Двојката Бекам се забавуваше во опуштена атмосфера во ВИП просторот.

Слични содржини