Големи протести против ковид-потврдите: Повеќе од 10.000 луѓе во Загреб

од Vladimir Zorba

Во Загреб во 15 часот започна голем протест против ковид-потврдите и епидемиолошките мерки воведени од локалната власт.

Прво собирно место е Плоштадот на Француската Република, а второ собирно место е Плоштадот на жртвите на фашизмот. Оттаму се упатија кон плоштадот Бан Јелачиќ, кој е централно место на протестот. Колоните се споија на Плоштадот околу 15 часот и 45 минути.

Организатор е граѓанското здружение Иницијатива за права и слободи, а протестот е поддржан и од ултра-католичкото здружение Вигиларе. Од загрепската полиција велат дека протестот не бил пријавен, но дека знаат за него.
„Полицијата секогаш е на масовни собири за да го обезбеди јавниот ред“, велат од полицијата.

Во Загреб пристигнуваат автобуси од цела Хрватска. Така противниците на мерките од Сплит и околината тргнаа кон Загреб со осум автобуси, пет автобуси пристигнаа од Задар, а четири од Шибеник.

Се слушаат свирежи, демонстрантите скандираат „Не сакаме потврди“ и „Продадени души“.

Според хрватските медиуми, на протестот веќе се собрале околу 10.000 луѓе.

Слични содржини