Голман на Манчестер имал сообраќајка додека одел на тренинг

од Aleksandar Petrovski

Прилично лоша атмосфера имаше на денешниот тренинг на Манчестер јунајтед во клупскиот центар „Карингтон“. На вчерашниот пораз од Ливерпул со 0:2 на „Енфилд“ се надоврза и сообраќајната несреќа на резервниот голман, Аргентинецот Серхио Ромеро.

На пат кон тренинг центарот претпладнево, тој доживеал сообраќајна несреќа, ја пробил заштитната ограда и излетал од коловозот со своето Ламборџини.

Ромеро, за среќа, минал без повреди, а набрзо по инцидентот се појавија и фотографии на социјалните мрежи како стои до неговиот уништен автомобил вреден 170.000 фунти со кој се почести во 2017 година, по освојување на англискиот Лига Куп.

Првичните претпоставки за сообраќајната несреќа се однесуваат на замрзнатиот асфалт. Англиските медиуми наведуваат дека температурата во Манчестер утрово била под нулата.

Ромеро оваа сезона е резерва на Давид де Хеа и во негова сенка забележа само девет настапи за екипата од „Олд Трафорд“. Четири пати бранеше во мечеви од Лига Европа, три во Лига Купот и во два во ФА Купот. Во Манчестер Ј. пристигна во 2015 година од екипата на Сампдорија.

Слични содржини