Градоначалникот на Њујорк: Испраќајте помош, недела е денот Д

од Nikola Popovski

Градоначалникот на Њујорк, Бил де Бласио, побара од американската администрација повеќе медицинска опрема за борба против коронавирусот.

Тој истакна дека бројот на загинати во градот, епицентарот на епидемијата на САД, ќе се зголеми доколку помошта не пристигне до недела.

Де Бласио, кој им се придружи на голем број официјални лица незадоволни од одговорот на Вашингтон на кризата, зборуваше во моментот кога брод-болница на воената морнарица со 1.000 кревети, се закотви на њујоршкото пристаниште.

– Ако не добиеме федерална помош во растечката криза, ние сме во опасност да започнеме да ги губиме животите што би можеле да ги спасиме. Недела е Ден Д, потребна ни е помош до недела, истакна Де Блазио.

Болниците во Њујорк се полни со заразени од коронавирусот.

Во државата Њујорк, пријавени се скоро половина од 141.883 потврдени случаи во САД и повеќе од една третина од 2.477 смртни случаи на национално ниво.

Слични содржини