Граѓаните на општина Центар: Не сакаме зеленило, сакаме станови за децата

од Aleksandar Petrovski

„Зеленилото не е приоритет во овој план, ете ни го Градски парк, сакаме поголеми парцели да им обезбедиме станови на децата“, рекоа граѓани на денешната јавна презентација на Деталниот урбанистички план Градска четврт 3 12- локалитет Парк 1 и дел од Дебар Маало 2, пренесе СДК.

Планот кој денеска се презентираше во Општина Центар се однесува на просторот од паркот во делот кај бараките на Град Скопје до арената „Тодор Проески“, како и делот на Дебар Маало, од парк до зградата на Владата.

Со новиот ДУП се предвидува кај бараките на Град Скопје наместо деловен објект со пет ката, да има монтажен паркинг со спортски игралишта на кровот. На местото на бараките на Судот за прекршоци, со стариот план биле предвидени да се градат две згради. Сега тие маркички се бришат и тој дел ќе биде зеленило. Кај салата „Партизан“ се предвидува изградба на училиште и градинка. Маркичката „Кермес“ останува со максимална висина од 7,9 метри односно приземје плус еден кат. Намалена е катноста на ресторанот „Опатија“, која со претходниот план била приземје плус три ката, а сега е приземје плус еден кат.

„Каде сте виделе во светот во центар на град меѓу зградите да има одалеченост и искористеност на парцелата до 70 проценти. Секаде објектите се залепени едни до други. Не сакаме зеленило, си го имаме паркот во непосредна близина, сакаме развој за да можеме да им оставиме станови на децата. Не ни требаат паркинг места, инвеститорите ќе направат подземно паркирање под зградите. Не го сакаме планов, повлечете го“, извикуваа граѓаните на претставниците на општина Центар кои им го објаснуваа планот.

Слични содржини