Граѓаните збунети: Лажна страница спроведуваше наградна игра во име на Кока-Кола

од Nikola Popovski

На официјалната Фејсбук страница на Кока-Кола С. Македонија се појави важна информација за граѓаните, откако претходно на социјалните мрежи се појави линк со учество за наградна игра.

„Во интернет просторот се појави лажна страница која се претставува како The Coca-Cola Company. Би сакале да ве известиме дека во моментов ние не спроведуваме никакво онлајн истражување. За сите наши активности може да се информирате на Coca-Cola.mk“, објави од официјалната страница.

Во текот на денот се споделуваше онлајн истражување „Фонд за социјална помош на Кока-Кола“ кое масовно беше препраќано на Фејсбук, а наводно било спроведено од самата компанија.

„Денес, 2 Јуни, 2021, Вие сте многу среќни што сте избрани за нашето истражување. За само една минута, ќе добиете прекрасна награда! Подготвивме неколку награди за оние кои учествуваат во истражувањето. Вие само имате 4 минути и 20 секунди, да одговорат на оваа анкета! Побрзајте, бројот на достапни награди е ограничен!“, стоеше во пораката.

Слични содржини