Грета Тунберг се огласи по повод хаосот во Америка

од Vladimir Zorba

Американската борба за расната правда по убиството на Џорџ Флојд е дел од борбата против климатските промени и за социјалната правда што не обединува сите нас, изјави денес активистиката Грета Тунберг.

„Ние мора да бидеме обединети и да запомниме дека борбата за социјална правда, правда на животната средина, расна и климатска правда е иста борба“, рече Тунберг на прашањето на новинарите за поврзаноста помеѓу нејзиното движење и протестите во САД против расизмот.

17-годишната Швеѓанка разговараше пред новинарите на настан за собирање медицинска помош за Бразил, кој беше тешко погоден од пандемијата од коронавирусот.

Тунберг е позната по тоа што ги критикува светските лидери за неактивност во областа на климатските промени, а сега, поради протестите низ САД и пандемијата на вирусот, таа ја прошири својата порака, потсетува агенцијата.

Слични содржини