Грковска: Мора да се разбие општата перцепција на неказнивост

од Nikola Popovski

Одговорноста прво кај политичарите, а потоа кај сите останати е за да се разбие општата перцепција на неказнивост за која што секој од нас, без разлика во која власт се наоѓа, е дел од одговорноста, вели заменичката на претседателот на Владата задолжен за политики за добро владеење, Славица Грковска после вчерашната критика на евроамбасадорот Дејвид Гир за измените на Кривичниот законик.

Функционерката додаде дека наша домашна обврска е да ги поправиме работите и да ги направиме за да имаат бенефит и ќе придонесат за средено општество, каде што институциите ќе функционираат професионално, без разлика за кого станува збор.

-Ние прво сме граѓани на државата, а потоа се функциите. Имаме одлична соработка со сите институции. Сепак далеку сме од тоа да бидеме задоволни, имаме уште работа, истакна Грковска како одговор на новинарско прашање.

Гир вчера порача дека ваквите промени на КЗ можат да доведат до зголемување на неказнивоста.

-Ние сакаме земјата рапидно брзо да напредува во сферата на владеењето на правото, граѓаните имаат право да го бараат тоа и Европската комисија има право да го бара тоа од земја кандидат, вели евроамбасадорот.

Слични содржини