Грковска: Отпуштања и смена на лицата од јавниот сектор кои нема да штедат

од Nikola Popovski

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење Славица Грковска вели дека се можни отпуштања и смени на оние лица од јавниот сектор кои нема да штедат.

-Санкциите се тука. Механизмите се на располагање, како и алатката и начинот за кратење на трошоците. Мислам дека оваа Влада покажа како се случуваат работи кои досега не биле видени од претходниците. Тоа е дел од процесот на одговорност и менаџирање на институциите и ќе продолжи понатаму, како што најави премиерот Ковачевски, рече Грковска во емисијата „Топ тема“.

Грковска најави дека се можни промени и на уште неколку раководни позиции на институции кои се под директна капа на Владата.

Слични содржини