Гроси: Постои можност да се вратам во Украина

од Stefanija Kuzmanovska

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Мариано Гроси, очекува наскоро да се врати во Украина за да помогне во воспоставувањето безбедносна зона околу нуклеарната централа Запорожје.

„Постои можност да се вратам во Украина и Русија, тоа е всушност она за што начелно се договоривме. Во моментов ги продолжуваме консултациите со цел да се воспостави заштитена зона“, изјави Гроси за „Ројтерс“.

Рафаел Гроси веќе учествуваше во разговорите меѓу Москва и Киев во напорите да се создаде зона без непријателства околу електраната, која поради гранатирањето во последните недели остана без електрична енергија, неопходна за нормално функционирање на генераторите.

Слични содржини