ГРЦИЈА ВО ШОК: Убиена омилената фока, јавноста повикува на итна акција на полицијата

од Stefanija Kuzmanovska

Убиството на ретка фока на островот Алонисос ги шокираше експертите за животни во Грција, а тамошната јавност бара од властите да ги пронајдат и казнат сторителите што побрзо.

Полицијата соопшти дека интензивно трага по човекот кој го уби Костис, ретка медитеранска фока, кој стана симбол на Алонисос.

Костис беше спасен од бура пред три години од локален рибар кој му го даде името.

Грчката хуманитарна организација (ИОМ), која се грижеше за Костис во текот на првите месеци кога тој беше младенче, денес објави дека се претпоставува дека фоката е убиена со харпун.

Загрозените видови фоки се заштитени со грчкиот закон.

„Костис е убиен со харпун истрелан од непосредна близина“, се вели во соопштението на ИОМ.

Слични содржини