Грците реагираат поради “твит” на Заев

од Берта Китинска

Грчкиот весник „Катимерини“ во својот натпис со наслов „Гнев во Атина, замрзнуваат меморандуми со Северна Македонија“, пишува дека трите меморандума кои парламентот требало да ги ратификува идниот месец, на 10 јули, ќе бидат одложени, најверојатно, за септември, а можеби и за подоцна.

Повикувајќи се на владини извори, „Катимерини“ пишува дека грчката влада не може да „замижи“ пред „двојната игра“ на „соседите“, потенцирајќи дека изминатиов период имало неколку „инциденти“ поврзани со Договорот.

Во текстот се пренесува изјава на портпаролката на грчката Влада, Аристотелија Пелони, која вчера испрати предупредување дo премиерот Зоран Заев

„Бараме целосна имплементација на Договорот од Преспа и неговиот дух, го повикуваме Заев да се воздржи од реторика на поделби, особено во такво чувствително прашање какво што е фудбалот“, порача Аристотелија Пелони, пренесува весникот.

Македонскиот премиер Зоран Заев во понеделникот на твитер напиша дека фудбалскиот натпревар го следи заедно со холандскиот премиер и дека без оглед на резултатот, дава поддршка на „македонската фудбалска репрезентација“.

Слични содржини