Груевски и Заев утре во исто време на суд – првиот обвинет за насилство, вториот за поткуп

од desk2

Во кривичниот суд во исто време утре на судење треба да се појават премиерот Зоран Заев, кој е обвинет за поткуп и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, обвинет за поттикнување насилство.

Главната расправа за насилството пред општина Центар, никако да почне. Груевски, заедно со уште 13 лица меѓу кои ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески се обвинети дека поттикнале насилство во Општина Центар во 2013 година. Судијката Татјана Михајлова неколкупати ги одложува рочиштата поради отсуство на обвинетите, а одлагање имаше и поради тоа што предметот со списите беа во Апелација за казните на обвинителките Катица Јанева и Фатиме Фетаи. На минатото судење не беа присутни двајца од обвинетите. Поради неоправдано отсуство на обвинетиот Димче Крстев, обвинителката Фатиме Фетаи побара на следното рочиште тој да биде стражарно приведен.

Во предметот „Поткуп“, судијката Деана Груевска Илиевска го одби предлогот на адвокатите на премиерот Зоран Заев, снимките од ПИ мерките кои се појавија на Јутјуб да бидат доказ во постапката. Тимот адвокати поднесе жалба до Апелација. Апелациониот суд пак, побара мислење од Вишото јавно обвинителство, но како што потврди судијата Сафет Кадрии, мислењето го добиле, но сè уште немаат одлучено за жалбата на Заев./Макфакс

Слични содржини