Гутереш: Половина од светот е во зоната на опасност поради климата

од Stefanija Kuzmanovska

Шумските пожари и топлотните бранови кои предизвикуваат хаос низ планетата покажуваат дека човештвото се соочува со „колективно самоубиство“ и дека половина од светот е во зоната на опасност“, предупреди денеска генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш.

На самитот за климатски промени, пред 40 министри од различни земји, Гутереш рече дека половина од човештвото е во зоната на опасност поради поплави, суши, силни бури и пожари, пренесе „Гардијан“.

„Ниту една земја не е имуна на ова, но ние продолжуваме да ја храниме нашата зависност од фосилните горива. Имаме избор: колективна акција или колективно самоубиство. Сè е во наши раце“, рече Гутереш.

Слични содржини