Гвардиола: Бернардо Силва е најдобар играч во Премиер лигата

од Vladimir Zorba

Фудбалерите на Манчестер Сити синоќа ја совладаа Астон Вила со 2:1 и ја продолжија трката за првото место со Челси и Ливерпул.

Актуелните шампиони славеа со головите на Рубен Дијаз и Бернардо Силва, додека голот за домашниот тим го постигна Оли Воткинс.

А голот што го постигна Силва беше спектакуларен, еден од најубавите сезонава.

Силва игра во добра форма од почетокот на првенството, постигна пет гола и има две асистенции, па менаџерот на „граѓаните“ Пеп Гвардиола смета дека Португалецот е најдобриот играч во Премиер лигата.

„Тој е најдобар. Беше најдобар пред три години, кога го освоивме првенството со 98 поени. Најдете ја снимката и погледнете и ќе видите дека тој е истиот играч и денес. Тој има способност да прави што сака со топката, тој е играч кој игра фудбал на друго ниво во секоја смисла“, изјави Гвардиола.

Во следното коло Манчестер Сити гостува кај Вотфорд.

Слични содржини