Гвардиола: Хaланд повеќе сака титули отколку рекорди

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, упати пофални зборови за напаѓачот Ерлинг Хaланд, кој брилијантno ја започна својата кариера на „Етихад“.

Норвежанецот има 9 гола на своето име по само 5 настапи во Премиер лигата, откако постигна втор „хет-трик“ по ред, овој пат против Нотингем, во победата од 6-0.

Така, Халанд собори два рекорда, станувајќи најуспешен играч по првите пет натпревари во Премиер лигата, а стана и најбрзиот со два „хет-трика“ во историјата на англискиот шампионат.

Сепак, според Гвардиола, фудбалерот повеќе би сакал да освојува титули со тимот на „граѓаните“ отколку да соборува рекорди.

„Тоа што го направи во Норвешка, Австрија и Германија, почнува да го прави тука. Може да постигне гол со првиот допир на топката. Знаевме за што е способен. Истото важи и за Џулијан (Алварез). Имаме двајца одлични напаѓачи Халанд отсекогаш постигнувал многу голови. Тој може да биде запрен само кога нашиот тим не игра добро. Затоа мора да играме на добро ниво за да создадеме шанси за нашите талентирани играчи на напредните позиции да ги материјализираат во голови. Мислам дека за Ерлинг поважно е да освојува титули. Како што го запознавам, сигурен сум дека нема да биде среќен ако собори рекорди, но не стане шампион. Кога ќе одиграме добро, тој ќе има повеќе шанси пред себе. Погледнете колку добро играа Стоунс, Бернардо, Вокер, Родри. Ова е нашата цел – да им помогнеме на нашите талентирани играчи – Џулијан, Кевин, Ријад – да ја покажат својата класа“, рече Гвардиола.

Тој ги коментираше и споредбите меѓу Халанд и неговиот претходник Серхио Агуеро.

„Серхио е легенда. Никој не може да го заземе неговото место во срцата на навивачите. Тој го постигна најважниот гол во модерната историја на клубот. Ерлинг има класа да му се приближи. Она што Серхио го направи овде е неверојатно. Но, Ерлинг е многу талентиран. Кога го доведовме, сите зборуваа за тоа што го направил во минатото. Но, нашата цел е да му помогнеме да постигне уште повеќе голови во иднина“, додаде Шпанецот.

Слични содржини