Гвардиола: Кога дојдов во Сити, никој не ми кажа дека мора да ја освоиме Лигата на шампионите

од Stefanija Kuzmanovska

Последното испаѓање од Лигата на шампионите беше многу тешко за Пеп Гвардиола. Манчестер Сити доживеа крах во Мадрид во 90. и 91. минута, а Карим Бензема ги докрајчи во дополнителни 30 минути (3:1). Така Гвардиола остана без пласман во финалето на Лигата на шампионите од 2011 година, кога ја водеше Барселона. Иако е практика претходниот да се анализира пред следниот, Гвардиола немаше сили да се навраќа на реваншот со Реал, што го призна во интервју за „Скај Спорт“.

Шпанецот истакна дека не е разочаран од елиминацијата во Мадрид и дека во животот треба да се навикнете и да се подготвите за тешките моменти.

„Што е животот? Животот не е секогаш составен од убави моменти. Конкретно во спортот има повеќе лоши отколку добри моменти. Затоа понекогаш се чувствувам поудобно во вакви ситуации отколку кога треба да се соочам со успех“, изјави Гвардиола.

Манел Естриарте, поранешен олимписки шампион во ватерполо, е во Манчестер Сити за да се занимава со психологијата на играчите и е еден од најблиските соработници на Пеп Гвардиола.

„Ние сме пријатели многу години. Многу, многу. Беше најдобар во својот спорт, има неверојатно чувство да оцени што се случува со тимот. Не работи со тактика, туку ги следи играчите, тоа ни треба и тоа се бара од него. Тоа ми помага, особено во тешките моменти. Ја споделуваме нашата тага, таа не држи заедно. Манел има важна улога во клубот, тој е извонредна личност за моето семејство“, откри менаџерот на Сити.

Јавноста ја интересираше што им порача Гвардиола на своите играчи по мечот во Мадрид.

„Поразот носи многу емоции. Тоа е измешано со успех, знаеш дека можеше да се справиш подобро. Поразот прави да чувствувате сè. Само така можете да бидете подобри. По натпреварот во Мадрид не им кажав ништо на играчите, нема зборови кои можат да ви помогнат да ја контролирате болката што носи таков резултат. Можеш само да ја прифатиш таа болка. Денеска сите зборуваат. Затоа само им реков на играчите: „Не читајте премногу, држете се настрана од се и фокусирајте се само на себе“.

Поранешниот стратег на Барселона и Баерн смета дека елиминацијата во полуфиналето од Лигата на шампионите не е неуспех.

„Моментот е таков, мораме да го прифатиме. Мора да ставиме на маса кои сме и што направивме на тие два натпревари, во Премиер лигата и воопшто во Лигата на шампионите. Лани победивме на 11 натпревари во Лигата на шампионите, имавме едно реми и загубивме. Дали беше лоша сезона? Апсолутно не! И оваа сезона испаднавме во полуфиналето. Секако дека сакаме да бидеме европски шампиони, но кога ме повикаа да го преземам Сити, не ми рекоа дека морам да ја освојам Лигата на шампионите, дури ни Премиер лигата. Ми кажаа дека треба да бидеме конкурентни во сите натпреварувања до крај, да бидеме екипа во која навивачите ќе уживаат кога ќе ја гледаат. Затоа ми тропнаа на врата и тоа го постигнавме. Во сите натпреварувања луѓето кои играа против нас знаат колку сме добри. Ги тераме нашите противници да одиграат максимално против нас“, истакна Каталонецот.

Слични содржини