Гвардиола: Рано е за славење, никој не станува шампион во јануари

од Vladimir Zorba

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола не брза да ја прослави титулата во Англија и покрај тоа што има 13 бода предност пред второпласираниот Челси.

„Граѓаните“ ги победија „сините“ со 1:0 и направија голем чекор кон шампионскиот трофеј.

„Одигравме неверојатно, брилијантно и не против никого, туку против европскиот клупски шампион. Знам колку е тешко да се игра против Челси, тие одлично се бранат. Победата е исклучително вредна бидејќи е против директен конкурент, но е премногу рано да зборуваме за титулата. Никој не станува шампион во јануари. Ливерпул ќе има натпревар помалку по утрешниот натпревар против Брентфорд и ако победи, ќе имаме 8 поени предност, а 8 поени во јануари не се ништо“, изјави Гвардиола.

Слични содржини