Гвинет Палтроу организираше забава „без шминка“ (ФОТО)

од Vladimir Zorba

Гвинет Палтроу беше домаќин на забава „без шминка“ во нејзината куќа со неколку славни личности, вклучувајќи ги Кејт Хадсон, Деми Мур, Рејчел Зои и Александра Грант, како прослава на природната убавина.

Палтроу објави фотографии од собирот на Инстаграм во четвртокот, вклучително и селфи од неа, Мур и Грант, која е девојка на актерот Киану Ривс.

Во една објава, основачката на „Goop“ напиша: „Околу минатата ноќ … имав огромно задоволство да ја интервјуирам Александра Грант, една од најбрилијантните и најталентирани мислители со кои некогаш сум имала задоволство да зборувам“.

Палтроу ја нарече забавата „убав собир за славење на убавината, токму какви што сме“. Таа, исто така се шегуваше за Мур: „Онаа од лево не е толку лоша“.

Таа го заврши постот со хаштазите #nomakeup и #goopglow.

Фотографијата иманад 100 илјади лајка веќе, вклучително и од познати личности како Кортни Кокс.

Палтроу исто така постави серија фотографии во подолг пост на Инстаграм со наслов „Без шминка, без филтер. Неверојатен собир на некои од најдобрите жени на планетата земја #goopglow“.

Иако „Page Six“ соопшти дека Зои сепак носела „ајлајнер“, останатите жени навистина биле без шминка.

Зои ја коментираше фотографијата: „Ти си најслатката и најдобрата @gwynethpaltrow и најубавата ноќ #goopglow“.

Слични содржини