Хаг закажа рочиште за војната во Украина на 7. и 8. март

од Nikola Popovski

Меѓународниот суд на правдата во Хаг денеска соопшти дека на 7-ми и 8-ми март ќе се одржи рочиште за случајот покренат од Киев, кој ја обвинува Москва за планирање геноцид во Украина.

Судот изјави дека постапувал по барање на Украина, која ја обвинува Русија за планирање геноцид и намерно убивање луѓе од украинска националност.

Украина започна постапка во саботата, според украинскиот претседател, а земјата поднела тужба против Русија до Судот во Хаг.

Пресудите на Судот се обврзувачки и не можат да се обжалат, но судот нема начин или средства земјите да ги спроведат тие пресуди.

Слични содржини