Хакери бараат 300.000 долари за да ја вратат архивата на националната Албанска радио-телевизија

од Берта Китинска

Албанската радио-телевизија (РТШ) била нападната од хакери, кои побарале 300 илјади долари за враќање на архивата.

– Хакерите успеале да ја шифрираат базата на податоци на државната радио и телевизија, преку онлајн мрежата.Тие побарале 300 илјади долари за да го вратат материјалот на албанската радио-телевизија и да го дешифрираат, но РТШ одбила да плати, бидејќи поголемиот дел од базата на податоци за среќа била копирана во офлајн резервна копија, пренесува Топ чанел.

Според истиот извор, како резултат на овој напад, оштетен е само дел од дигиталната архива на Радио Тирана. Остатокот од телевизиската архива е пронајдена.

Слични содржини