Халанд прв фудбалер во историјата со осум погодоци на своите први четири натпревари за бундеслигашки клуб

од Aleksandar Petrovski

Напаѓачот Ерлинг Халанд покажува одлични партии по доаѓањето во Борусија Дортмунд. Норвешкиот репрезентативец синоќа беше стрелец во куп дуелот со Вердер Бремен кој неговиот тим го загуби со 2:3.

Халанд стана првиот играч во историјата кој постигнал осум погодоци на своите први четири натпревари за клуб од Бундеслигата.

Норвежанецот во Борусија дојде оваа зима кога направи трансфер од Салцбург.

Слични содржини