Халили: Еколошки ефект во земјава може да се постигне само ако тие што загадуваат си ја плаќат цената

од Берта Китинска

Нема сомнение дека воведувањето на новата еколошка такса, ќе предизвика директен удар во буџетот на секој граѓанин, посебно во пост ковид период, за кој што се уште не сме сигурни дека е во последната фаза, но тоа за што сме сигурни е фактот дека секој граѓанин во нашата земја се соочува со се поголеми потешкотии да го исполнува екзистенциалниот минимум вели во интервјуто за „Локално“ , економскиот аналитичар Арбен Халили.

Според него посебниот данок за сите бизнис ентитети  е алтернативно решение за финансирање на зелената обнова во земјава.

„Постои алтернатива, која што наместо да се наметне решение кое што ќе ги погоди и најмалку виновните, преку еколошката такса, алтернатива може да биде воведување на посебен данок за сите бизнис ентитети, и не само, кои што директно придонесуват во загадувањето, истите да се оданочуват пропорционално според, да речеме”придонесот” кој што секој посебно го има во загадувањето, односно искористување на не еколошки суровини за производни цели“, коментира економскиот аналитичар.

На прашањето дали со воведувањето на новата такса ќе видиме некакви поместувања од аспект на заштитата на животната средина, Халили  тврди дека освен полнењето на буџетот , новата такса  нема да влијае  и да придонесе на  еколошко подобрување во земјата .

– Еколошки ефект може да се постигне само ако тие што загадуваат си ја плаќат цената. Обичниот граѓанин или компанија која што не придонесува знаштително во загадувањето нема смисла да придонесува подеднакво пропорционално како некој што користи на пример мазут во сегашно време за производствен процес, објаснува тој.

Владата плaнира преку новата еколошка давачка во Буџетот да се слеат 54 милиони евра за една година. Дали овој тренд, како што го нарекува претседателот Пендаровски ни е потребен и какви придобивки ќе има самата држава од ова? Дали воведувањето на оваа мерка e во вистински момент, со оглед дека стопанството се уште заздравува од ковид-кризата? 

Воведувањето на ова мерка се предлага во најнепогоден момент кога стопанството се уште не може соодветно да се соземе, а најмалку може да издржи уште еден терет со воведување на нова такса. И така секојдневно на репроматеријалите па и на готовиот производ растат цените, што го има отежнето нромалното деловно функционирање, а со тоа и директен финансиски терет и за крајниот потрошувач. Затоа сметам дека може да се најдат алтернативи извори за полнење на буџетот, по малку болни, наместо се отежни и понатаму деловнито живот во земјата.

Последните месеци и без најавената нова давачка поскапеа многу производи. Дали новата такса ќе предизвика нов ценовен шок за граѓаните, нешто што секојдневно го тврди опозицијата? 

Нема сомнение дека воведувањето на новата такса, наречена еколошка такса, ќе предизвика директен удар во буџетот на секој граѓанин, посебно во да речеме пост ковид период, за кој што се уште не сме сигурни дека е во последната фаза, но тоа за што сме сигурни е фактот дека секој граѓанин во нашата земја се соочува со се поголеми потешкотии да го исполнува екзистенциалниот минимум за потрошувачката кочничка. Последиците од Ковид се почуствувани од сите граѓани, но мора да кажеме дека повеќе погодени се бизнис ентитетите, независно кој во кој сегмент од стопанството. Треба да ги цениме сите напорти на Владата со сите 6 пакет мерки, кои беа директна подршка за бизнис заедницата, но сепак еколошката такса врз истрошените граѓани и бизнис заедница која е на работ на опстојувањето, сметам дека е погрешен чекор.

Постои ли, според вас, некаква алтернатива за финансирање на зелената обнова? 

Секако дека постои алтернатива, која што наместо да се наметне решение кое што ќе ги погоди и најмалку виновните, преку еколошката такса, алтернатива може да биде воведување на посебен данок за сите бизнис ентитети, и не само, кои што директно придонесуват во загадувањето, истите да се оданочуват пропорционално според, да речеме”придонесот” кој што секој посебно го има во загадувањето, односно искористување на не еколошки суровини за производни цели. Ние пред не повеќе од месец дена, имавме во јавноста информациа дека влијателни фирми имат искористено материа која што не е дозволена, за нивни производни цели.

Друг сегмент е финансирањето, односно подржан од страна на државата за набавување на нови еколошки автомобили, или обновување на возниот парк кај компании, било да се шпедитерки или помали фирми. Со најавувањето на еколошки издржани возила, помалку ќе се загадува и нормално нема да имаме потреба од нови еколошки даноци.

Ќе видиме ли некакви поместувања од аспект на заштитата на животната средина по воведувањето на оваа давачка? 

Искрено освен полнење на буџетот, сакам да верувам дека би имал еколошки ефект, но длабоко во себе верувам дека тоа нема да се сличи. Еколошки ефект може да се постигне само ако тие што загадуваат си ја плаќат цената. Обичниот граѓанин или компанија која што не придонесува знаштително во загадувањето нема смисла да придонесува подеднакво пропорционално како некој што користи на пример мазут во сегашно време за производствен процес.

Имајќи предвид дека нафтените деривати се основен ресурс за репроматеријалите, за производствениот процес, за меѓународниот и внатрешниот транспорт, кое директно влијае врз ценовните политики на потрошувачките добра, колку оваа мерка ќе го олесни или отежни функционирањето на стопанството? 

Обезбедување на основи услови за независно функционирање на стопанството треба и мора да е основен столб на секоја влада. Јас убеден сум дека секој е свесен дека без силен стопански сектор не може да очекуваме ефективност на ниедна друга реформа. Во таа насока со зголемени цени на нафтените деривати односно дополнителни 3,5 % данок во име на зелена такса, секако дека нема да остане незамерливо. Се работи за основиот енергенс во земјата било во транспортната индустрија или во производната индустрија. Да не бидам лошо сфатен, секако дека даноците се основна мерка и основен столб за издржливоста на една држава, но високите такси и даноци по економска логика треба да очекуваш од развиено и еконосмки стабилно општество и стопанство. Во време на пост падемија, кога економијата е се уште на стаклени нозе, сметам дека е забрзан чекор.

Зелената агенда за Западен Балкан и поврзаниот со неа инвестициски план цели прифаќање на европските политики за долгорочна стратегија за запирање на губењето на биодиверзитетот, заштита и обновување на еко-системите и биолошки диверзитет. Македонија е потписник на овој договор и презеде одредени обврски, но некој поголем „зелен проект не видовме за овие годинадена откако е потпишан. Дали е овасамо поради Ковид-кризата или поради немање желба да се промени ситуацијата поради „кревкоста“ на економијата? 

Остварен е впечаток дека малите земји со желба да станат дел од “големите ” клубови, често настојуват да потпишуват различни спогодби или договори кои што кога треба да се реализират , се случува да се појавува разочарување. Сепак, потпишувањето на овој договор од Република Севрна Македонија е значаен чекор, посебно зачувувањето на биодиверситетот е суштински круциален чекор. Ние сме премала земја за да се надеваме на некој си поголем развој на да речеме индустриата, но секако дека сме доволно голема за да пред светото с епромовираме како интересна дестинација, со извонредни природни ресурси. Одличен чекор е и завршување на еден дол процес за прогласување на Шар Планина како национален парк пред неколку дена во Собранието на РСМ., што директко ке придонесе за зачувување, ан тоа што остана не оштетено.

Што се однесува до проектите, треба да сме свесни дека ниеден проект не се добива дента кога се потпишува договор. Треба процес, аплицирање, проценка и слично се додека да дојде момент за имплементација. Тоа што се надевам е барем да сме аплицирале со некој проект, ако се направени такви чекори, тогаш следното полесно ќе биде изодено. Парите сами нема да доаѓат, а најмалку пак ќе се почуствуват еколошки ефекти ако истите не се цели да се реализират.

Б.М.

Слични содржини