Хамес одби трансфер во Турција

од Vladimir Zorba

Репрезентативецот на Колумбија и член на Евертон, Хамес Родригез, иако не беше во плановите на Рафаел Бенитез, одби трансфер во турски Башакшехир.

Претходните денови пристигна веста дека трансферот е близу и дека играчот од средниот ред на „карамелите“ ќе се пресели во Турција до крајот на сезоната, но како што стојат сега работите, нема да има ништо од тоа.

Оваа информација ја пренесе шпанска „Марка“, која тврди дека Родригез го одбил заемот бидејќи не сака да се пресели во Турција, и покрај тоа што претходно изјави дека не му се допаѓа животот во Ливерпул.

Родригез минатото лето пристигна на „Гудисон парк“ во Реал Мадрид без надомест, а за Евертон играше 26 пати. Постигна 6 гола и 9 асистенции, но со заминувањето на Карло Анчелоти и доаѓањето на Рафаел Бенитез, неговиот статус во англискиот тим се смени и стана непожелен.

Слични содржини