Хамилтон очекува цврста битка во САД

од Vlatko K

Луис Хамилтон ја освои својата пол-позиција бр.82 во кариеарата пред Големата награда на САД во Формула 1.

„Беа неизвесни квалификации, знаев дека ќе биде потребно да се направи серија од одлични обиколки. Направив многу добра втора обиколка, трасата е одлично. Благодарам и на навивачите тука. Машините на Ферари се многу добри, се надевам дека утре времето ќе биде подобро за навивачите и дека ќе имаме возбудлива трка“, прокоментира Хамилтон.

„Бевме многу блиску до Луис, губиме само со 6 илјадити делови од секундата. На сув асфалт се однесуваме подобро, изјави вториот вчера Себастијан Фетел, кој поради казна сепак ќе стартува од петтата позиција.

„Денот беше позитивен, се чувствувам добро со болидот. Нема што да изгубам, се надевам дека ќе направиме добар старт, изјави Кими Раиконен, кој заврши на третата позиција во квалификациите.

Слични содржини