Хамилтон: Патеката во Мексико е најнепогодна за Мерцедес

од Vladimir Zorba

Фото: gpblog.com

Луис Хамилтон нема преголеми очекувања од претстојната трка од Формула 1 шампионатот, која ќе се вози во Мексико Сити. Британецот смета дека за болидите на Мерцедес ова е најлоша трка во годината, и не им одговара воопшто.

Хамилтон има шанса шестипат да стане светски првак, има шест различни комбинации како тој може да ја освои титулата уште викендов, но очекувањата не му се преголеми.

„Конфигурацијата на патеката е најлоша за Мерцедес. Ќе ни биде многу тешко, тоа се виде и претходните години“, изјави Хамилтон.

Во 2017 и 2018 година во Мексико победуваше Макс Верстапен од Ред Бул.

Слични содржини