Хантер Бајден негираше вина: Продолжува судскиот процес против синот на претседателот на САД

од Stefanija Kuzmanovska

Договорот за признавање вина на Хантер Бајден, син на американскиот претседател Џозеф Бајден, во врска со затајување данок и поседување оружје не беше постигнат поради одлуката на судијата да одбие да го потпише, па постапката продолжува. Ова е прв случај во историјата на САД американското министерство за правда да покрене обвинение против дете на актуелен шеф на Белата куќа.

Судијката на Окружниот суд на САД, Мерилин Норејка, на сослушувањето изрази загриженост за условите од договорот за друга поврзана тужба против наследникот на Бајден за поседување оружје. Таа истакна дека договорот содржи „нестандардни услови“ и дека предложеното решение за случајот со поседување оружје е „невообичаено“. Таа, исто така, им даде 14 дена на адвокатите на Бајден да постигнат нов договор со обвинителството. А бидејќи договорот не беше постигнат, синот на Бајден на рочиштето се изјасни за невин, иако претходно најави дека ќе ја признае вината.

Хантер Бајден е обвинет за две кривични дела за затајување данок од над 100.000 долари на приход од над 1,5 милиони долари во 2017 и 2018 година. Истрагата против наследникот на Бајден, инаку, ја водеше федералниот обвинител во државата Делавер, Дејвид Вајтс, кој беше назначен од поранешниот шеф на Белата куќа, Доналд Трамп.

Договорот за признавање вина требаше да му даде на Бајден две години условна казна и да го поштеди од одење во затвор. А бидејќи во меѓувреме беше обвинет за недозволено поседување огнено оружје, како што пренесува Би-Би-Си, требало да признае дека нелегално поседувал пиштол додека бил корисник на дрога и да се согласи на лекување, наместо посериозно обвинение за потешко кривично дело и затворска казна.

Слични содржини