Хаос на автопат во Тексас (видео)

од Nikola Popovski

Најмалку пет лица загинаа во верижен судир на скоро 100 возила на магистрален автопат во американската држава Тексас.

Несреќата се случила на меѓудржавен пат во близина на центарот Форт Ворт.

На фотографиите објавени на социјалните мрежи се гледаат „наредени“ возила кои целосно го блокираат патот.

Локалните медиуми јавуваат дека десетици луѓе биле повредени, како и дека некои од нив се во критична состојба.

Друг верижен судир, во кој учествувале 20-тина возила, се случил во Остин, а во таа прилика, едно лице било повредено.

Зимската бура, проследена со леден дожд, лапавица и снег, погоди делови на САД, вклучувајќи го и Тексас.

 

Слични содржини