Харадинај: Рама наместо да посредува, треба да ја натера Грција да го признае Косово

од Nikola Popovski

Лидерот на Алијансата за иднината на Косово, Рамуш Харадинај му порача на албанскиот премиер Еди Рама дека мора да работи за да издејствува нови признавања на независноста на Косово, наместо да нуди да посредува во решавањето на проблемите меѓу Грција и Турција.

Харадинај тоа го рече во емисијата „Темпора“ на Јутјуб каналот „Оранус“ и посочи дека би било подобро Рама да работи на признавање на независноста на Косово од страна на Атина, бидејќи Грција е една од земјите што не го сторила тоа, пренесува порталот „Албанија дејли њуз“.

И претходно имаше несогласувања меѓу Рама и Харадинај, а албанскиот премиер дури поднесе тужба за клевета против Харадинај.

Слични содржини