Хари ќе стане првиот член на кралското семејство, по 130 години, кој ќе сведочи на суд

од Stefanija Kuzmanovska

Принцот Хари ќе стане првиот член на британското кралско семејство по 130 години кој ќе сведочи на суд, каде што ќе треба да зборува за своите врски пред венчавката со Меган Маркл.

Тој ќе сведочи како дел од судскиот процес против весникот „Дејли Мирор“, за кој тврди дека незаконски собирал информации за него, неговиот брат Вилијам, нивната мајка Дајана и нивниот татко кралот Чарлс, пишува лондонски „Тајмс“.

Хари тврди дека активностите на новинарите на „Дејли Мирор“ го натерале да има масовни напади на депресија и параноја што довело до распаѓање на неговата врска со Челси Дејви.

Наводниот упад на новинари во нивниот дом „ја наведе г-ѓа Дејви да донесе одлука дека кралскиот живот не е за неа. Што беше неверојатно вознемирувачко во тоа време“, рече принцот.

Хари денеска треба да се појави пред Високиот суд во Лондон, а најдоцна утре ќе почне со сведочењето.

Случајот е еден од шесте што принцот ги покрена против медиумите и владата во Велика Британија.

Слични содржини