Харис откри дали Вашингтон ќе испрати борбени трупи во Израел или Газа

од Stefanija Kuzmanovska

Американската потпретседателка Камала Харис изјави дека Вашингтон нема „апсолутно никаква намера“ да испраќа борбени трупи во Израел или Газа, поради стравувањата од поширок регионален конфликт.

„Апсолутно немаме намера, немаме планови да испратиме војска во Израел или Газа. Точка“, навела Харис во интервјуто за Си-Би-Ес кое се емитувало во неделата.

Харис, која е добро информирана за кризата на Блискиот Исток, вели дека тесно се придржува до пристапот на претседателската администрација, а тоа е да го поддржи Израел да се брани, но во исто време да ги заштити цивилите.

„Според повеќето проценки, најмалку 1.400 Израелци беа убиени. Израел, без никакво сомневање, има право на самоодбрана. Исто така, многу е важно да се разделат Хамас и палестинскиот народ, кој заслужува еднакви мерки на безбедност и достоинство Бевме многу јасни кога кажавме дека мора да се почитуваат правилата на војната и дека хуманитарната помош мора непречено да се дистрибуира“, нагласи таа.

Поради загриженоста дека конфликтот може да се прошири надвор од Појасот Газа, Харис го повтори предупредувањето на американскиот претседател Џозеф Бајден до Иран да не се меша.

„Немојте. Еден збор. Многу јасен“, подвлече Харис.

Слични содржини