„Харли Дејвидсон“ го издвојува својот електричен бренд „Live Wire“

од Stefanija Kuzmanovska

Познатата американска компанија Харли Дејвидсон објави дека ќе го издвои својот оддел за електрични мотори „Live Wire“ како посебен бренд. Компанијата планира да го претстави „првиот мотоцикл со ознака „Live Wire“ на 8 јули на Меѓународниот саем за автомобили.

Харли Дејвидсон објави дека неговата мисија е „Live Wire“ да ја направи најпосакуваната марка на електрични мотоцикли во светот, пренесува Verge. „Live Wire“ исто така планира да иновира и развива технологија што ќе биде применлива за електричните мотори Харли Дејвидсон во иднина“, се вели во соопштението.

Познатиот американски производител веќе го користи „Live Wire“ како име на моделот на својот електричен мотоцикл од 2018 година, кој се продава на пазарот по цена од 29.799 долари. Засега нема детали во јавноста за тоа како ќе изгледа новиот електричен мотоцикл со ознака „Live Wire“ и колку ќе чини.

Приходите на Харли Дејвидсон паднаа за околу 24 проценти во 2020 година во споредба со 2019 година, а 700 работни места во процесот на преструктуирање на компанијата беа намалени поради лошите перформанси. Исто така, намален е и бројот на произведени модели.

Компанијата од Милвоки неодамна претстави петгодишен стратешки план наречен „Hardwire“, кој вклучува понатамошни инвестиции на пазарот. Компанијата во ноември ја претстави својата Серија 1 електрични градски велосипеди, кои развиваат брзина од околу 50 километри на час и се продаваат за 5.000 долари.

Слични содржини