Херта продолжува да реди победи во Бундеслигата

од Vladimir Zorba

Херта запиша трета последователна победа по обновувањето на Бундеслигата. Екипата од Берлин го доби својот натпревар дома против Аугсбург со 2:0 и веќе нема пораз во шести шампионски натпревар по ред.

На сите овие натпревари, екипата постигнува два или повеќе гола. На овој начин продолжи добрата серија на Бруно Лабадија, кој го презеде тимот за време на присилната пауза.

Дилросон го отвори резултатот во 23-та минута, а во самиот финиш Пјатек, кој влезе како резерва, го удвои водството на тимот од Берлин.

По оваа победа, Херта се искачи на деветтото место. Аугсбург е 14-ти и се приближува кон опасната зона.

Резултати од Бундеслигата:

Херта – Аугсбург 2:0
Маинц 05 – Хофенхајм 0:1
Шалке 04 – Вердер Бремен 0:1
Волфсбург – Ајнтрахт Франкфурт 1:2

Во моментов играат Баерн Минхен пртоив Фортуна Дизелдорф.

Слични содржини