Хоакин Феникс уапсен за време на протест за климата

од Vladimir Zorba

Американските актери Хоакин Феникс и Мартин Шин се уапсени при протест во Вашингтон организиран од друга американска sвезда, Џејн Фонда, против климатските промени.

Хоакин (45) и Мартин (79) се приклучија на протестот на Фонда пред зградата на Сенатот во петокот. Тие беа уапсени откако не ги исполнија полициските наредби да си заминат. Пред да биде одведен од полицијата, Хоакин Феникс пред толпата демонстранти изјави: „Месната и млечната индустрија е третата водечка причина за климатските промени. Има нешто што можете да направите денес – ова е изборот на храна што ја консумирате“.

Организаторот на протестот, Џејн Фонда, кој сега има 82 години, рече: „Климатската криза ги прави нашите нации и сите нации помалку безбедни“.

За прв пат, Фонда беше уапсена за протестирање во октомври, откако привремено се пресели во Вашингтон, со намера да биде уапсена додека протестира.

Актерката во тоа време рече дека е инспирирана од активистката тинејџерка Грета Тунберг, „која била толку трауматизирана“ од заканата од климатските промени што таа „престанала да јаде и да зборува скоро една година“.
Aoakin Feniks i Martin Šin bea uapseni za vreme na prote

Слични содржини