Холандија со забраната на мобилните телефони го подобрила учењето кај децата

од desk2
21 прегледи

Со забраната за користење на паметните телефони во училиштата во Холандија е подобрено учењето кај децата, иако на почетокот имаше спротивставувања на оваа владина препорака, утврдила студија нарачана од холандската влада.

Во јануари минатата година беше препорачана забрана на паметните телефони во училниците, а оваа препорака ја применија огромен број училишта – во две третини од средните училишта се бара учениците своите паметни телефони да ги остават во шкафчињата или дома, а само во едно од пет училишта се даваат мобителите на почеток на часот.

Д-р Александер Крепел од Институт „Констам“ вели дека најголемиот ефект од забраната е подобрување на интеракциите меѓу учениците.

„Не е можно некого тајно да го фотографирате во училницата и потоа фотографијата да ја споделите во група на ВотсАп, така што постои поголема социјална безбедност. Учениците претходно, посебно на одморите, беа на нивните мобилни, а сега се приморани да разговараат. Можеби малку почесто се случува да се затепаат, но училиштата, наставниците и учениците се прилично задоволни од подобрената атмосфера“, вели Крепел.

Слични содржини