Актуелно
Почетна / IN/OUT / Холанѓаните уништуваат милиони лалиња дневно: Тоа е единствената опција што ни преостанува

Холанѓаните уништуваат милиони лалиња дневно: Тоа е единствената опција што ни преостанува

Сезоната на лалиња во Холандија е започната, но е загрозена бидејќи се уништуваат милиони лалиња дневно поради пандемијата од коронавирусот, која драстично ја намали продажбата.

Полињата со лалиња, рози, хризантеми и други цвеќиња чекаат на уништување на најголемиот светски маркет на цвеќиња.

„Тоа е единствено што ни преостанува“, рекол Мајкл ван Ски, портпарол на Royal FloraHollanda, холандско здружение на цвеќари и воедно најголемата аукциска куќа за цвеќиња.

„Холандската аукција на цвеќа постои повеќе од 100 година и никогаш не сме биле во ваква криза“, рекол тој за AFP.

Тие тврдат дека уништиле меѓу 70 и 80 отсто од холаднското годишно произведување на цвеќа. Тоа е тежок удар за земја каде лалињата се еднакво важен симбол на националниот идентитет како и ветерниците, сирењето и кломпите.

Кризата со коронавирусот им пристигна во најлошо време.

„Одгледувачите на лалиња цвеќињата ги собираат од јануари до април-мај и всушност се сред сезона, а поради вирусот нема никаква побарувачка“, рекла Приска Клеијн, членка на сојузот на одгледувачи.

Единствено што простанува е да ја поткренат кампањата „Купете цвеќе, а не тоалетна“.

loading...