ХОРОР ВО ФРАНЦИЈА: Кутија со отсечена човечка глава фрлена од зграда (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

Во тек е полициска акција во центарот на францускиот град Тулон, на медитеранскиот брег, откако кутија со отсечена човечка глава беше фрлена од зграда, пишува весникот Nice-matin.

„Во полициското соопштение се наведува дека човечка глава е отсечена. Според првичните податоци, што ги потврди Централната управа за јавна безбедност, картонска кутија со отсечена глава била фрлена од прозорец“, се наведува во весникот.

Полицијата го блокираше овој дел од градот.

На едно од видеата на социјалните мрежи се гледа како полицијата приведува маж.

Видеото е направено од блиска зграда.

Локалните медиуми наведуваат дека сè уште не е позната причината за овој варварски чин и дека сè уште не е познато дали станува збор за терористички акт или за нешто друго.

Слични содржини