Христијаните денеска го слават Велигден

од Берта Китинска

Христијаните од православна вероисповед денеска го слават најголемиот христијански празник, Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите.

Христос воскресна, навистина воскоресна! Со овие зборови од вечерва по полноќ православните верници во земјава го честитаат најголемиот христијански празник, Христовото воскресение, Велигден.

Годинава на велигденските богослужби можат да присуствуваат верници во храмовите, за разлика од лани кога имаше полициски час поради пандемијата на ковид-19.

Македонската православна црква – Охридска Ариепископија (МПЦ-ОА) повеќепати апелира до луѓето кои ќе ги посетуваат храмовите да ги почитуваат превентивните здравствени мерки.

Слични содржини