Хрватска има 790 потврдени случаи на коронавирус

од Stefanija Kuzmanovska

Во Хрватска има 77 случаи на коронавирус и во моментов 790 се заразени, 64 закрепнети, а шест се починати, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

Министерот за здравство, Вили Берош, на прес-конференција изјави дека на респираторот има 27 лица, додека закрепнатите во однос на недела се за 12 повеќе.

Тестирани се вкупно 6.404 лица.

„Хрватска воведе мерки рано за да се спречи ширењето на вирусот. Задоволни сме што повеќето граѓани ги почитуваат мерките. Затоа нашата крива е сè уште линеарна. Ги повикуваме другите да ги почитуваат мерките“, рече Берош.

На прашањето за проценка на развојот на ситуацијата, тој потсети дека вирусот се пренесува преку контакт и респираторниот тракт.

„Ако ги почитуваме мерките, ние сме тие што можеме да го намалиме преносот на инфекцијата. Нашата судбина е во наши раце “, рече министерот.

Слични содржини