Хрватска повлекува уште три видови сладолед поради пестициди

од Nikola Popovski

Министерството за земјоделство на Хрватска денеска ги информираше потрошувачите за повлекување на уште три видови сладолед во пакување од 2,5 литри, поради утврдениот пестицид на етилен оксид во адитивот што се користи во процесот на нивното производство.

Министерството наведува дека деловниот субјект со храна Metro Cash & Carry d.o.o. од Загреб како мерка на претпазливост ги повлече следните сладоледи: ММЦ сладолед од ванила 2,5 литри, ГТИН 4337182040415, ЛОТ: PL1048, PL1049, PL1050, рок на траење до 31.8.2023 година, МЦ сладолед од ванила 2,5 литри, GTIN 4337182139997, ЛОТ: PL1130, со рок на траење од 30.11.2023 година, потоа MЦ Минт чоколаден сладолед 2,5 литри, GTIN 4337182040668, ЛОТ: PL1050, со рок на траење од 31.8.2023 година. како и сладолед MЦ Нугат 2,5 литри, GTIN 3439496402895, ЛОТ: PL1082, чиј рок на траење е 30.9.2023 година.

Производите не се во согласност со Регулативата на Комисијата (ЕЗ) бр 396/2005 за максимално ниво на остатоци од пестициди во или за храна и храна за животинско и растително потекло и за измена на Директивата на Советот 91/414/ЕЕЗ, пишува хрватски „Индекс“.

Хрватското министерство за земјоделство вчера ги информираше потрошувачите во таа земја за повлекување на четири видови на сладолед во различни пакувања, поради утврденото присуство на пестицид од етилен оксид во додатокот што се користи во процесот на нивното производство.

Слични содржини