Хрватска се врати од „минус пет“ и ја победи Германија на ракометното ЕП

од Aleksandar Petrovski

Голем исчекор кон полуфиналето на Европското ракометно првенство направи репрезентацијата на Хрватска која вечерва ја совлада Германија со 25:24.

Хрватите го добија дербито на 2.коло во Групата 1, иако Германците во неколку наврати водеа и со пет голови разлика. „Коцкестите“ водеа само во почетните минути со 1:0 и 2:1 и во самиот финиш со победничкиот гол на поранешниот вардарец Игор Карачиќ за конечни 25:24.

На другите две средби од втората рунда во оваа група:
Белорусија – Чешка 28:25
Шпанија – Австрија 30:26.

Табела Група 1: Шпанија 6 бода, Хрватска 6, Германија 2, Австрија 2, Белорусија 2, Чешка 0.

Слични содржини