Почетна / Актуелно / Huawei: Санкциите ќе ја направат нашата компанија уште посилна

Huawei: Санкциите ќе ја направат нашата компанија уште посилна

Основачот на Huawei, Рен Женгфеј, рече дека не само што компанијата ќе ги преживее американските санкции, туку и долготрајно ќе зајакне.

Рен соопшти дека одделението за мобилни телефони ќе се соочи со проблеми доколку биде оневозможено користење на определен софтвер, вклучувајќи ги и Google сервисите.

„Кога ја објавија листата на санкционирани компании, се надеваа дека Huawei ќе пропадне. Не само што не пропадна, туку напредува уште повеќе“, изјави Рен за агенцијата AP.

Основачот на Huawei изјави дека компанијата ја ревидираше прогнозата за продажба на мобилни телефони во наредните две години и очекува пад на приходите за 20 до 30 милијарди долари, пренесе Sputnik.

Рен рече дека компанијата и понатаму сака да го користи оперативниот систем Android и да соработува со американските програмери, но дека може да помине на сопствениот оперативен систем HarmonyOS доколку тоа биде потребно.

Тој изјави дека работат на развој на мобилната мрежа 5G и рече дека компанијата вложи околу четири милијарди долари во истражување и развој на оваа технологија.

На саемот во Минхен утре ќе биде претставен најновиот смартфон Huawei Mate 30.

Погледнете како изгледа кампусот на компанијата Huawei.

loading...