Хулигани ја нападнаа полицијата во Белград: Фрлија запален факел (ВИДЕО)

од Stefanija Kuzmanovska

На социјалните мрежи се појави грозоморно видео на кое се гледа како хулигани вооружени со палки и факели ја напаѓаат полицијата на Булеварот на ослободувањето во Белград.

Неколку десетици хулигани во црно, кои се вооружени со дрвени палки, денеска се судрија со полицијата која успеа да ги растера од Булеварот на ослободувањето. На социјалните мрежи сега се појави видео од споменатиот инцидент.

Најпрвин може да се види како хулиганите фрлаат предмети кон службениците на српското МВР, а потоа тие почнуваат да напаѓаат.

Еден од толпата фрли запален факел кон полицијата.

Набргу потоа хулиганите ги напаѓаат полицајците.

Станува збор за противниците на манифестацијата „Европрајд“, кои со палки удриле две полициски возила и видно ги оштетиле.

Искршени се стаклата на автомобилот.

Да потсетиме, денеска во Белград се одржува манифестацијата „Европрајд“. Во рамки на настанот, насобраните ќе прошетаат до паркот на Ташмајдан.

Слични содржини